Во Кривичен суд во тек е јавна отворена расправа за предметот на СЈО „Општина Центар”.
Пред почетокот на доказната постапка со изведување на сведоци, обвинителката Фатиме Фетаи побара од советот, обвинетиот Александар Трајковски да му објасни на судот која е целта на неговото патување во Будимпешта, и да ја објасни сликата на која тој е со Никола Груевски.
Трајковски рече дека причина за неговото патување во Унгарија е поради болест.
Тој имал проблем со дишните патишта односно намален капацитет на белите дробови, особено во зимскиот период.
-Отидов во Будимпешта да барам второ мислење за мојата болест. Унгарија како понапредна држава од Македонија и членка на ЕУ има и понапредно здравство. Побарав мислење од доктори и за тоа имам и документација што ќе ја доставам до судот. Во Будимшешта заминав самоиницијативно на своја воља, рече Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.