Полицијата привела 57-годишен скопјанец откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе парчиња муниција од различен калибар.

На 17 декември 2021 во 17.45 часот во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Т.М.(57) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе парчиња муниција од различен калибар – соопштија од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.