Денеска (22 април) во 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово.

Имено, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес  во  дом и  други  простории кај Д.М., во врска со кривично дело ,,неовластено произвотство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени  марихуана и дробилка. Д.М. е приведен и по  целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.