Синоќа, нешто по еден часот по полноќ, полицијата уапсила тројца жители на скопското село Бојане, А. Ќ. (23), М. Ќ. (30) и Г. Ќ. (25), поради сомнение дека претходно направиле инцидент пред угостителски објект во Сарај.
Како што информираат од МВР, во инцидентот што избувнал поради претходно меѓусебно нетрпение биле употребени огнено оружје и остар предмет.
Притоа повреди од огнено оружје добил В. Ќ., a повреди од остар предмет Ф. М., по што биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, односно во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Тројцата насилници се приведени во полициска станица за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.