Активистот за човекови права Ицо Најдовски, на својот Фејсбук профил објави дека е уапсен Драган Угриновски и уште две лица во Крушево.
Како што напиша тој тие утринава од страна на полицијата биле однесени во Прилеп и во Македонски Брод, а најверојатно се сомничат за организирање протести на Мечкин Камен. Според други активисти не им било кажано зашто се приведени.
Сега зборував со Драган Угриновски. Се наоѓа во полициска кола и фашистите го носат во прилепската полиција. Има уште двајца, Зоран и Рубин, нив ги носат во полиција во Македонски Брод. Илинден 1936, Крушево! – пишува Најдовски на Фејсбук.
Преку видео обраќање Најдовски побара притворените веднаш да бидат пуштени.
Од МВР за Република ја потврдија информацијата дека три лица се приведени.
Три лица се приведени поради омаловажување полициски службеници и непочитување наредба – изјави Тони Ангеловски за Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.