Скопската полиција денеска привела три лица, поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој утрово во 05.28 часот било пријавено дека настанал над селото Страхојадица, скопско, при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума, информира МВР.

Полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли. Лицата се приведени и се работи на расчистување на случајот, а пожарот бил локализиран од полициските службеници, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.