Шест лица се приведени во врска со истрагата за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, што се случи пред еден месец, на 13 февруари, на автопатот Скопје-Тетово во близина на селото Лескарци. Меѓу нив се возачот на автобусот и сопственикот на автобуската компанија Дурмо Турс.

Основното јавно обвинителство, денеска се очекува да ги соопшти детлите од истрагата за автобуската несреќа во која загинаа 15 луѓе а триесетина беа потешко или послено повредени.

Автобусот беше на вештачење во Машинскиот факултет, каде требаше да се утврди дали бил технички исправен, а причината за несреќата ја бара Бирот за судски вештачења. Распрашувани беа сведоци, меѓу нив и возачот на авотобусот кој преку социјалните мрежи добиваше закани, поради што полицијата се грижеше за неговата безбедност.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ со 51 патник, од непознати причини излета од автопатот ја проби заштитнатѕа ограда и падна во провалија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.