Во полициска станица во Скопје, приведени се неколку лица кои се осомничени за учество во тепачка и физички напад врз 19-годишно момче во кафе бар во Дебар маало.

Меѓу приведените се и синот на Сашо Мијалков (екс директор на УБК и осуден на 12 години затвор за нелегалното прислушување) како и синот на Влатко Мијалков (поранешен функционер во царината).

Полицијата ги сомничи  двајцата братучеди од семејството Мијалкови дека синоќа во кафе бар заедно го претепале тинејџерот кој нападот го пријавил денеска. Искази ќе бидат земени и од останатите кои се во станица за да се утврдат мотивите за нападот и за инцидентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.