Министерството за внатрешни работи информира дека во акција против недозволена трговија со дрога и оружје, вчера заплениле осум парчиња оружје, како и лабараторија за дрога, хероин и марихуана и притоа приведени биле седум лица.
Полициски службеници од Одделот за Криминалистичка полиција Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на 07.10.2020 во координација со СВР Куманово СВР Штип, СВР Велес и ОВР Кратово, а по претходно обезбедени наредби за претрес од Основен суд Куманово и Основен суд Штип извршија претрес во домови и помошни простории во с. Којково- кратовско и во с. Злетово и ги приведоа Д.М. (25), З.М. (44), М.М., и Љ.М.., велат од МВР.
При претресите пронајдени се осум парчиња оружје без документација (три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка). Во близина на куќата на Љ.М. во с. Којково откриен е насад засаден со марихуана, а при претресите се пронајдени и лабараторија за преработка, стебла марихуана засадена во пластеници (високи од околу 2 м), 10 тегли со екстракт од марихуана, поголема количина семки од марихуана, платформи за сушење на марихуана со поголема количина на марихуана во процес на сушење, сад во кој се вари марихуана, остатоци во кесиња од цедена марихуана.
Во моментот кога полициските службеници почнале со претреси, во лабароторијата се одвивал процес на обработка на марихуаната.
Во дополнителна акција, полициски службеници извршиле претреси во дом на Т.Ј. (26) од Велес и при тоа се пронајдени два килограма марихуана и други предмети.
Во дополнителна акција на СВР Струмица и СВР Велес приведен е Х.Б. (44), дилер на хероин од Велес. На 07.10.2020 Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица презеде мерки и активности и кај С.И. од Струмица пронајде 50 грама хероин во моментот додека го купувал од други лица. Лицата се дале во бегство со возило бмв, но по преземани мерки тие се фатени во Неготино. Приведени се Х.Б. од Велес и М.О. (34) од с.Бузалково, соопштуваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.