Околу петнаесетина граѓани, од кои половина биле полицајци, синоќа биле приведени откако и покрај забраната за групирање, правеле забава, во кратовското село Куклица, дознава “Фокус”, од доброупатени извори.
На терен излегла полицијата од полициска станица Кратово, откако соседите пријавиле дека некој прави забава, но наводно морала да интервенира и единица од ЕБР, бидејќи дел од присутните на забавата давале отпор.
За инцидентот бил информиран и дежурен обвинител, кој постапува по членовите 205 и 206, односно непостапување според здравствени прописи за време на пандемија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.