Полициски службеници од ОВР Виница вчера во 23.20 часот ги лишиле од слобода М.Е.(24) и М.Д.(25), двајцата од Виница, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
При преглед во патничко возило „цитроен“, управувано од М.Д., каде сопатник бил М.Е., биле пронајдени и одземени марихуана, ризла и предмети со остатоци од марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, прецизираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.