Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба, вчера извршија претрес во два објекти во населба Сингелиќ.
При претрес во домот на К.И. пронајден е пиштол со една рамка и два куршуми, а при претрес на возило „голф“, кај М.И., пронајден е пиштол со една рамка и 14 куршуми.
Во врска со овој случај приведени се А.И. и Б.И. и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.