Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска привеле две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје.
МВР соопшти дека се приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Поладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба. Како што јави репортерот на МИА, полициски екипи со кучиња трагачи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.