Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, дознава Макфакс од извори во Кривичниот суд.
Се чека судија да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот.
МВР во дневниот билтен на 5 март објави дека е исчезнато 26-годишно лице.
„На 4 март во 8 часот во СВР Скопје, М.К. (32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К. (26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информира МВР.
Исчезнувањето на момчето го пријавил неговиот брат. Се стравува дека 26-годишникот е киднапиран откако бил повикан на средба во Кисела Вода или Драчево и потоа му се губи трагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.