Во текот на вчерашниот ден, во населбата Плитишта во Струга, полициски службеници од полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р. (26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга.
Како што информираат од МВР, при преглед во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.