Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против М.Д. (39) и И.К. (35), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во понеделникот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај М.Д., при што била пронајдена и одземена марихуана. Истиот ден околу 21 часот на ул. „Ѓорѓи Капчев“ полициски службеници извршиле претрес кај И.К., при што пронашле и одзеле марихуана и други предмети.

Двајцата пријавени се приведени во полициска станица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.