Повеќе физички пресметки се нотирани во полицискиот билтен, на територијата на цела држава, при што повредени се повеќе лица.
Имено, 20 минути по полноќ И.Б.(38) од Скопје пријавил дека на половина час претходно, додека работел во угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
Во 1.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.Т.(20) од една страна и А.С.(18) и Д.С.(19) од друга страна, сите од Скопје.
Во саботата, во 19.10 часот во СВР Скопје, Д.С.(46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат со тврд предмет од Г.Н..
Истиот ден, во 22.10 часот во СВР Скопје, З.Т.(37) од с.Петровец, скопско, пријавил дека во село Петровец, поради претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од О.К.(51) и неговиот син А.К.(29), двајцата од село Мралино.
Во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Ласкарци, скопско, Н.С.(38), Р.С.(43) и М.С.(27), сите од Ласкарци, поради нерасчистени имотно правни односи, физички го нападнале К.С.(60) од село Ласкарци.
Ноќеска 45 минути по полноќ, во Полициската станица Бит Пазар биле приведени Ј.О.(25) и Ф.О.(30), двајцата од Скопје, затоа што пред угостителски објект на улица „Цветан Димов“ агресивно се однесувале кон полициски службеник кој извршувал службено дејствие.
По целосното документирање на случаите ќе следат соодветни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.