Од полицијата соопштија дека на 5 октомври околу 19.30 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје полицајци од Одделението за криминалистички работи Карпош привеле двајца разбојници А.И. (22) и Д.К. (17) од Скопје, кои непосредно пред тоа се обиделе да украдат пари од маркет на булеварот.
Веднаш по добиената пријава, лицата се пронајдени и приведени од полициски службеници од ОКР Карпош.
Како што соопштија од МВР, по приведувањето е документирано дека лицата се сторители на пет кривични дела – разбојништва во обложувалници, како и тешки кражби во цркви и маркети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.