Два угостителски објекти, еден од Аеродром и еден од Карпош се затворени, а нивните сопственици санкционирани бидејќи во контролите на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат било утврдено дека работат по дозволенот работновреме кое поради пандеијата предизвикана од коронавирусот е до 18 часот.

На 25.12.2020 во 18:55 часот на подрачје на Аеродором при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости, при што околу 19:00 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи истите не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот. Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

Исто така, вчера во период од 18:00 до 22:00 часот на подрачје на Карпош при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека угостителскиот објект во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје работи по дозволеното време и во него имало гости. Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот во Скопје извршиле контроли во 270 угостителски објекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.