Приведени се двајца царинарници за поткуп, дознава „Република“. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за „Република“ ја потврди информацијата.
СВР Куманово, Одделение за Криминалистичка полиција, Отсек за Економски криминалитет во содејство со Секторот за професионална одговорност – Одделението за внатрешни истраги при Царинска Управа на РСМ постапуваше по пријавено кривично дело по чл.357 од Кривичниот законик на РСМ „Примање поткуп” од страна на царински службеници на граничниот премин Табановце.
На 28.07.2019 во 03:00 часот примена е дојава од оштетено лице за давање на поткуп на царински службеници на ГП Табановце при влез во Македонија, по што од страна на Отсекот за економски криминалитет веднаш е постапено и при личен претрес на царинските службеници З.Ј. од с.Отља и Т.М. од Куманово, и при претрес на службените простории на Царинската управа на ГП Табановце пронајдени се 1.670 евра и 190 швајцарски франци. Царинските службеници се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.