На 19.11.2021 полициски службеници од СВР Охрид ги привеле С.Ѓ.(44) од охридското село Велгошти и П.А.(35) од селото Долно Лакочереј. Двајцата, околу 21.00 часот во атарот на селото Лескоец, биле затекнати во нелегален транспорт на огревно дрво со патничко возило „опел монтереј”, со бугарски национални ознаки. Дрвата со потврда се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.