Локализиран е пожарот што пред неколку часа избувна во Велес во близина на Велешко езеро и ја пеплоса боровата шума.
Четири лица се приведени во полициската станица во Велес со сомнеж дека го предизвикале пожарот, потврди МВР. Приведените со брусалица работеле во блзина на боровата шума, на крстосницата за Башино село и патот кон езеро Младост.
Изгоре шумскиот насад, нискостеблестите растенија и сувата трева на Младост. Пожарот во еден момент, го опколи од горната страна и новоизградениот хотел Глориус. За среќа хотелот не изгоре. Добрата организација на жителите на Отовица, кои со механизација ископаа ров, ги спаси од огнот првите куќи во селото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.