Четири лица од Кочани се приведени откако при извршен преглед кај нив полицијата пронашла марихуана. Меѓу приведените како што соопшти полицијата е и едно малолетно лице.

Според информации од МВР, рано утрово на 17.07.2021 околу 01.00 часот од страна на полициски службеници на ОВР Кочани во близина на Медицински центар во Кочани, при извршен преглед на четири лица, сите од Кочани, од кои едно малолетно лице, е пронајдена марихуана.
Лицата се приведени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.