Познатата актерка Силвија Стојановска попладнево е однесена во Кривичниот суд каде ќе биде изведена пред судија на претходна постапка, објави „Фокус“.

Порталот „Јанакизнае“ попладнево објави дека Стојановска била уапсена во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија.

Обвинителството побарало мерка притвор за актерката, но од таму се уште нема официјални информации.

Стојановска последните години е актуелна со нејзината улога во македонската серија „Фамилијата Марковски“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.