На 14.08.2019 во 10.50 часот во Полициското одделение Зајас пријавено е дека во селото, во месноста Думовско маало настанал пожар, при што зафатена е сува трева и бандера, сопственост на ЕВН.

Пожарот е изгаснат од противпожарна единица од Кичево. По преземени соодветни мерки и активности, во ПО Зајас обезбеден е Р.З.(67) од с.Зајас, осомничен дека го предизвикал пожарот, и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.