Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, вчера полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Г.П.(45) од Вевчани, соопштија од МВР.

Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видеоклип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица, информираат од МВР.

При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, како што посочија од МВР, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повиците за насилство на вевчанецот предизвикаа наплив на коментари кои го осудија говорот на омраза со нова тура на омраза:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.