На 19.11.2021 во 16.10 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги во трговски центар на подрачјето на Карпош го лишија од слобода М.И.(33) од Скопје. За него била распишана Централна потерница од МВР и издадена наредба од страна на Основно јавно обвинителство Велес, за истражни дејства во врска со кривично дело „даночно затајување” предвидено во чл.279 од Кривичниот законик. Лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.