Б.С (43) од село Липково е приведен откако по претходна вербална расправија, физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С (43) од село Липково, по што Ј.С починал.

Во Секторот за внатрешни работи во Куманово, синоќа околу 19 часот доктор од Јавната здавствена установа Куманово пријавил дека кај нив Итна медицинска помош донела починато машко лице со убод од нож.

По пријавувањето на настанот, соопшти денеска МВР, увид на самото место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.

По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Б.С. е приведен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.