Вчера попладне на ул.„102“ во Тетово, врз основа на судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Л.М. (29) од Тетово, осуден на двегодишна затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Л.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.