Полициски службеници од Тетово привеле жител на градот кој ја истепал својата сопруга.
На 18.12.2020 година, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Т.М.(37), поради тоа што физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга – информираат од МВР.
Во соопштението од МВР се наведува дека тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.