Полициски службеници привеле стружанец кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид – ОВР Струга го лишија од слобода Ф.К.(33) од струшкото село Делогожда. Лицето се барало по распишана потерница од СВР Скопје за доиздржување на затворска казна, посочуваат од МВР.
Лицето е приведено во полициска станица и спроведено во Казнено-поправната установа „Идризово“ Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.