МВР информира дека вчера во 14.00 часот во село Куклиш струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(25) од струмичкото село Ангелци.

Тој се сомничи дека извршил три кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело „кражба“ на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица.

За случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово документирање против Г.П. ќе бидат поднесени соодветни пријави, известуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.