На 12.10.2021 околу 11.00 часот на влез во Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(47) од Република Србија. Во патничкото моторно возило „шкода суперб“ со српски национални ознаки, кое го управувал, превезувал две лица мигранти – A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан.
За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ. Лицата мигранти се сместени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.