Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје избувнал пожар во куќата сопственост на О.Е.(62) од Скопје.
–Бидејќи сопственикот, кој бил под дејство на алкохол и го нарушувал јавниот ред и мир и им ја попречувал работата на припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, бил приведен во Полициската станица Аеродром, информираат од МВР.
Увид на местото ќе се врши во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.