Угостителски објект во Тетово бил затворен синоќа, а полицијата го лишила од слобода неговиот сопственик поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по чл.206 од Кривичниот законик.

Во соопштението од полицијата се наведува дека синоќа во 22.35 часот од страна на инспектори при Одделението за криминалистичка полиција Тетово, од слобода е лишен Е.И.(31) од село Долно Палчиште, сопственик на угостителски објект во Тетово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по член 206 од Кривичниот законик.

При контрола на угостителскиот објект во сопственост на Е.И., истиот е затекнат како работи и покрај Одлуката на Владата за работното време на угостителските објекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.