Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (42) од Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Синоќа полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Одделот за крим полиција, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во станот на ул. „Петар Дељан“, каде престојува пријавениот.
При претресот биле пронајдени и одземени 84 грама хероин и дигитална вага со остатоци од хероин. С.И. бил лишен од слобода, а по извршеното вештачење, по насоки на Јавен обвинител, поднесена е кривична пријава, наведоа од МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.