Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против Д.М. (35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Вчера околу 13 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени 486,06 гр. амфетамин, таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), марихуана и две дигитални ваги со остатоци од амфетамин, кокаин и марихуана.
На пронајдените предмети било извршено вештачење, а пријавениот Д.М. бил приведен во Полициската станица Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.