По преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници е приведен Д.В. од Богданци, еден од шестмината членови на организираната криминална група за криумчарење на мигранти, која беше сузбиена на 6 oктомври.

Претходно беа приведени четири лица, а едно од претходно е на издржување на мерка притвор. Петмината приведени беа изнесени пред судија на претходна постапка и за сите е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Главната организатори на групата се двајца браќа од Богданци, заедно со лица од Грција. Мигрантите биле пренесувани нелегално на територијата на Македонија во близина на Струмица, Гевгелија и Дојран, каде биле пречекувани со членови на криминалната група и со моторни возила биле пренесувани до кумановско-липковскиот регион.

Оттаму мигрантите во организација на лице кое нелегално престојува во Кумановско-Липковскиот регион биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Србија кон државите на ЕУ.

Најголемиот број од мигрантите кои биле криумчарени од страна на оваа криминална група биле по потекло од Авганистан, Пакистан, Ирак и други земји од Блискиот Исток, кои претходно веќе пристигнале и престојувале на територијата на Грција, за паричен надомест од 500 до 700 евра по лице.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.