Вечерва (02.12.2020) околу 17:45 часот полициски службеници од мобилната сообраќајна единица на МВР на патот Прилеп-Кавадарци го приведоа Е.В.Б (49) од Русија.

Според полицијата, Русинот управувал со товарно моторно возило „волво“ со руски регистерски таблички и бил под дејство на алкохол.

Приведениот по брза постапка ќе биде изведен пред надлежен судија, се вели во соопштението од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.