Полициски службеници синоќа привеле прилепчанец додека извршувал тешка кражба од возило, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
-Синоќа во 21:30 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки. Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги одзел од возилото, се наведува во соопштението.
И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.