Гостиварец завршил во полициска станица откако при контрола на неговото возило биле најдени над 15 илјади парчиња пиротехнички средства.
Според СВР Тетово, денеска околу 10:40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.К.(24) од Гостивар. При преглед во неговото возило „мерцедес“ без регистарски ознаки биле пронајдени и одземени над 15 илјади разновидни пиротехнички средства.
З.К. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава по член 396 став 4 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.