Полицијата приведе крадец од Скопје кој бил фатен додека ограбувал продавница.

Според информациите на МВР, вчера на ул. 11 Октомври во Скопје полициски служебници привеле малолетник од Скопје, кој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект. Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор и му биле одземени пари кои потекнуваат од кривично дело.

За настанот бил известен јавен обвинител и Јавната установа центар за социјални работи Скопје, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.