Полицијата уапсила бегалец баран со потерница заради издржување затворска казна

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага денеска во 14:30 часот го приведоа С.О. (49), кој се барал со потерница, за издржување казна затвор по член 418 б ста 2 од Кривичниот законик на Република  Македонија во времетраење од четири години и шест месеци – информираат од МВР.

Во соопштението се посочува дека лицето ќе биде предадено во казнено поправна установа „Затвор Куманово“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.