Скопската полиција, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, вчера, за време на првиот ден од забраната за работење на угостителските објекти по 18 часот, извршила контроли во 257 угостителски објекти.

Како што информираат од МВР, при контролите констатирано било непочитување на работното време во локал на подрачјето на Петровец.

Со тоа сопственикот на локалот М.З., од село Петровец сторил кривично дело по член 206 од Кривичниот законик.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, а М.З. е приведен во полициската станица Гази Баба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.