Ѓорѓи Галетановски, директорот на Зоолошката градина Скопје попладнево бил приведен во Секторот за економски криминал поради објава на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објави Лидер.
Објавата денеска наголемо се споделува на социјалните мрежи, а во неа, на комичен начин се повикуваат гласачите кои сакаат да гласаат за одредена партија, да го шкртнат името „Северна“ на гласачкото ливче.
Галетановски околу еден час давал исказ во полиција, откако бил пријавен од анонимно лице.
По давањето на изјавата, тој бил пуштен. Споделувањето на објавата на Фејсбук од политичката партија ја гледаат како обид за измама на нивните гласачи, па преку медиумите апелираа дека ништо на гласачкото ливче не се да се прешкрта, туку само да се заокружи бројот. Во спротивно, гласачкото ливче би било неважечко
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.