Полициски службеници од Кичево привеле дилер на дрога во Кичево при што заплениле над 100 грама кокаин и други предмети.

На 24 октомври околу 20.20 часот на булеварот Ослободување во Кичево полициски службеници запреле возило „цитроен“, со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Б. (38) од Кичево. При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин. И.Б. е приведен во ПС Кичево, а во неговиот дом во Кичево е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети – информираат од МВР.

Одземено е возилото „цитроен“, како и возило „порше“.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднмесена кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.