Жител на село Василево е приведен откако во неговиот дом биле пронајдени марихуана и „бела грутчеста материја“.

Полициски службеници од СВР Струмица, денеска го лишиле од слобода Т.М. (36) од село Василево, Струмичко, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

При претресот, во неговиот дом биле затекнати две женски лица од Радовиш, Г.О. и малолетничка, која живеела во домот со Т.М. – информираат од МВР.

Од МВР велат дека со нив бил извршен разговор, а Т.М бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.