Полицијата попладнево во Скопје приведе 49-годишно лице барано со потерница и судска наредба за издржување казна затвор поради кражба.
– На 9 август 2021 во 14:45 часот на улица „Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода-Отсек Потраги, врз основа на централна потерница и судска наредба, го лишиле од слобода лицето Т.К.(49) од Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Тој бил предаден во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и спроведување во казнено-поправна установа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.