Во рамки на оперативна акција од полициски службеници од ОВР Гевгелија-Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, вчера во 16:20 часот во Гевгелија, по претходно обезбедена судска наредба, лишен е од слобода 30-годишниот гевгеличанец И.Д.
Како што информираат од МВР, во неговиот дом и помошни простории во Гевгелија и во патничко моторно возило „фолксваген туран“ со гевгелиски регистарски ознаки пронајдени се прашкаста материја, тврда материја, 11 таблети, 98 капсули, банкноти со остатоци од прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.