Во врска со пукотниците кои се случија ноќва во близина на мостот во населбата Бардовци, а во кои е застрелан Борис Мутков – Фантом, од МВР за „Република“ потврдуваат дека е приведено едно лице.

Пукањето во полиција било пријавено точно на полноќ.

Пријавено е дека на влез во с.Бардовци било пукано кон Б. М. (40), кој се движел со возило „мерцедес“. Б.М. е пренесен во болницата „Систина“ за укажување помош. Во врска со настанот е приведен С.Е. (23), велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што објавивме претодно, се претпоставува дека синоќешниот инцидент има врска со пукањето во „Александар палас“ минатиот месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.